Добредојдовте на веб страницата на Апликацијата за управување со странска помош (Foreign Assistance Management Aplication) – ФАМА!

ФАМА е веб-базиран сервис на информации за проектите во јавниот сектор на Република Северна Македонија кои се финансираат со странски заеми и донации (грантови).

Со ФАМА се креира база на податоци за реализацијата на проектите во јавниот сектор, финансирани со странски заеми и грантови, која има амбиција да претставува значајна алка во процесот на координација на странската помош во Република Северна Македонија.

Ги охрабруваме сите јавни субјекти кои имплементираат проекти финансирани со странски заеми и грантови, редовно да ги ажурираат податоците за проектите. На тој начин, Вие станувате партнер во креирањето на ФАМА базата и директно придонесувате кон обезбедување квалитетни, точни и сеопфатни податоци за странската помош која ја користи Република Северна Македонија.

Податоците од ФАМА базата ќе бидат достапни до сите органи на државната управа и други државни органи, институции вклучени во процесот на координација на странската помош и донатори, кои се заинтересирани за следење на истата при донесување на соодветни одлуки за поддршка на економскиот, политичкиот и демократскиот развој на Република Северна Македонија.

За начинот на кој можете да станете авторизиран корисник на податоците од ФАМА базата, можете да се информирате во Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг, преку следните контакт лица:

Ленче Божиноска
е-пошта: lence.bozinoska@finance.gov.mk
тел. +389 (0)2 3 255 420

Драгана Мицевска
е-пошта: dragana.micevska@finance.gov.mk
тел.: +389 (0)2 3 255 419

Андрија Алексоски
е-пошта: andrija.aleksoski@finance.gov.mk
тел.: +389 (0)2 3 255 412

ФАМА е оптимизирана за пребарувач Мозила Фајрфокс (Mozilla Firefox).
Мозила Фајрфокс (Mozilla Firefox) можете да симнете тука: http://www.firefox.com