Добредојдовте на веб страницата на Апликацијата за управување со странска помош (Foreign Assistance Management Aplication) – ФАМА!
ФАМА е веб-базиран сервис на информации за проектите во јавниот сектор на Република Македонија кои се финансираат со странски заеми и донации (грантови).
Со ФАМА се креира база на податоци за реализацијата на проектите во јавниот сектор, финансирани со странски заеми и грантови, која има амбиција да претставува значајна алка во процесот на координација на странската помош во Република Македонија.
ФАМА базата содржи специфични податоци за проектите од 01.05.2011 година, а фокусот е ставен на финансиската реализација на странските заеми и грантови, кои претставуваат значаен инпут во процесот на буџетско планирање, но и во процесот на донесување на одлуки за владините развојни политики.
Извор на податоците во ФАМА базата се месечните извештаи за напредокот во реализацијата на проектите од страна на субјектите од јавниот сектор во Република Македонија, кои најнепосредно ги имплементираат проектите.
Ги охрабруваме сите јавни субјекти кои имплементираат проекти финансирани со странски заеми и грантови, редовно да ги ажурираат податоците за проектите. На тој начин, Вие станувате партнер во креирањето на ФАМА базата и директно придонесувате кон обезбедување квалитетни, точни и сеопфатни податоци за странската помош која ја користи Република Македонија.
Податоците од ФАМА базата ќе бидат достапни до сите органи на државната управа и други државни органи, институции вклучени во процесот на координација на странската помош и донатори, кои се заинтересирани за следење на истата при донесување на соодветни одлуки за поддршка на економскиот, политичкиот и демократскиот развој на Република Македонија.
За начинот на кој можете да станете авторизиран корисник на податоците од ФАМА базата, можете да се информирате во Секторот за усогласување со ЕУ и меѓународни финансии, преку следните контакт лица:
Ленче Божиноска
е-пошта: lence.bozinoska@finance.gov.mk
тел. +389 (0)2 3 106 704
Ана Вељановска
е-пошта: ana.veljanovska@finance.gov.mk
тел.: +389 (0)2 3 106 107
Андрија Алексоски
е-пошта: andrija.aleksoski@finance.gov.mk
тел.: +389 (0)2 3 106 132
ФАМА е оптимизирана за пребарувач Мозила Фајрфокс (Mozilla
Firefox).
Мозила Фајрфокс (Mozilla Firefox) можете да симнете тука: http://www.firefox.com
